Top Sport

ПСЖ се пласира на завршниот турнир во Келн

Ракометарите на ПСЖ први изборија пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите. ПСЖ, вечерва, во реваншот против Кјелце само го потврди пласманот во Келн. ПСЖ првиот меч во Полска го доби со 34:28, а во реваншот славеше 35:32.

Најефикасен во тимот кој од клупата го предводи Звонимир Нока Сердарушиќ, беше Недим Ремили со девет гола, додека по пет гола постигнаа Микел Хансен и Јаспер Нилсен.

Поранешниот играч на Вардар, Алекс Душебаев и полскиот репрезентативец Карол Бјелецки со по пет гола беа најефикасни кај Кјелце.

Останатите три четврт-финални реванши ќе се одиграат утре. Вардар, кој ја брани титулата, во 17 часот ќе го пречека Кил. Вардар првиот меч во Германија го доби 29:28.

Нант со Кире Лазаров ќе гостува кај Скјерн и ќе ја брани предноста од 33:27, додека Монпелје и Фленсбург реваншот ќе го започнат со 28:28.

Завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе се игра во Келн на 26. и 27 мај.

Scroll to Top