Раде Стојановиќ и наредната сезона ќе биде тренер на Ракометниот клуб Охрид. Двете страни во средата ја официјализираа соработката.
Амбициозниот стратег, минатата сезона дојде во Охрид и клубот веднаш го врати во плејофот, кој за жал на охридските ракометари не се одигра поради прекинување на првенството, како последица од ширењето на вирусот ковид-19.
„Официјално пуштивме рака и ставивме потпис за продолжување на соработката со Ракометниот клуб Охрид. Во првата сезона ги исполнивме зацртаните цели, затоа, лесно и брзо најдовме заеднички јазик за нова соработка. Сакам јавно да и се заблагодарам на клупската управа, навивачката група „Рибари“ и охридската публика, кои се срцето и душата на екипата. Ние, во текот на целата сезона дававме максимум, секогаш атакувавме на позитивен резултат и така ќе биде во иднина“, изјавил за „ohridnews.com“ Стојановиќ.
фото/ohridnews