Top Sport

Рајн Некар со вториот тим против Кјелце

Шампионот на Германија во ракомет, Рајн Некар Левен, првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите против Кјелце, на 24 март, ќе го одигра со аматерскиот тим што се натпреварува во третата германска лига.

Челниците на Рајн Некар на овој начин ќе го искажат својот протест до Европската ракометна федерација (ЕХФ) откаде не покажаа чувство за обврските на тимовите во националните шампионати.

Имен, Рајн Некар на 24 март, во Будндеслигата, ќе го игра дербито против Кил, а иако од Мајнхајм побараа од ЕХФ дуелот со Кјелце да биде поместен за 25 март, добија негативан.

Поради тоа Рајн Некар во Полска ќе го испрати аматерскиот тим.

„Кога Михале ми ја соопшти информацијата мислев дека се шегува и се надевав дека двете федерации ќе најдат заеднички јазик. Откако ја дознав одлуката, бројот на повици и пораки се зголеми и тогаш ми стана јасно дека не се работи за никава шега“, рекол тренерот на аматерскиот тим на Рајн Некар, Андреа Бехтолд.

„Одлуката е неверојатна, иако играчите се радуваат на шансата која им се укажа. Од друга страна ова е катастрофа за нашиот прв тим и играчите кои макотрпно се бореа да стигнат до самата завршница. Среќни сме поради нашите играчи, но немањето чувство на клубот му ја одзеде можноста да оставри голем резултат“, дополнил Бетхолд.

Scroll to Top