Ракометната репрезентација на Македонија пред неколку дена ги започна подготвките за Европското првенство во Хрватска, каде во првата фаза силите ќе ги одмери со Германија, Словенија и Црна Гора.
Официјалниот дел на подготвските на националниот тим ќе започнат в понеделник, кога во Скопје треба да пристигнат најголем дел од репрезентативците. Последни, според најавите, на подготвките ќе им се приклучат двајацата играчи кои настапуваат во Бундес лигата, Филип Талески и Филип Миркуловски.
Како дел од подготвките селекторот Раул Гонзалес планира да одигра две контролни средби и двете во Белград, против Србија на 5.јануари и против Саудиска Арабија.
Македонија своите дуели на ЕП ќе ги игра во Загреб, против Словенија на 13.јануари, Црна Гора два дена подцна и Германија на 17.јануари.