Top Sport

Ракометарите од вториот шешир ја чекаат ждрепката за ЕУРО 2024

Ракометната репрезентација на Македонија од вториот шешир ќе ги добие противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година. Домаќин на овој шампионат ќе биде Германија. Покрај домаќинот пласман на првенството изборија и бранителот на титулата Шведска, односно Шпанија и Данска.

Европската ракометна федерација (ИХФ) од квалификациите ги исклучи Русија и Белорусија поради инвазијата на Украина.

Покрај Македонија, во вториот шешир се наоѓаат: Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија и Украина. Овие репрезентации не можат да и бидат противник на Македонија.

Пласман на ЕУРО 2024 ќе изборат најдобрите две селекции од секоја, од осумте групи и четири најдобри третопласирани екипи.

Ждрепката ќе се одржи на 31. март во 18 часот.

Шешир 1: Норвешка, Франција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Португалија, Исланд, Австрија
Шешир 2: Македонија, Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија, Украина
Шешир 3: Босна и Херцеговина, Литванија, Летонија, Израел, Словачка, Турција, Романија, Грција
Шешир 4: Косово, Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Италија, Грузија, Луксембург

Фото/macedoniahandball.com.mk/

Scroll to Top