Top Sport

Ракометарите подготвени за Чешка: Нека биде успешен „последниот танц“ на Лазаров и Миркуловски

Машката ракометна репрезентација на Македонија го одработи последниот тренинг во пресрет на утрешниот реванш натпревар против Чешка во баражот за пласман на Светското првенство. По ремито (24:24) во Злин, на избраниците на Кире Лазаров им е потребна победа во СЦ „Борис Трајковски“ за нова мундијалска виза.

Се е подготвено за „последниот танц“ на легендарните Кире Лазаров и Филип Миркуловски. Тие утре треба да се простат од националниот дрес и сигурно ќе биде тоа неверојатно емотивен меч. Сите посакуваме хепиенд и громогласен аплауз за ракометните легенди…

Фото: Игор Паневски

 

Scroll to Top