Top Sport

Ракометарките изборија место во баражот за СП

Женската ракометна репрезентација на Македонија, обезбеди место во баражот за пласман на Светското првенство. На турнирот во Скопје, Македонија, вечерва, ја забележа втората победа, со која во пресрет на последното коло го обезбеди најмалку второто место во групата.

По вчерашната победа над Исланд (24:17), репрезентативките на македонија, вечерва, убедливо ја поразија Литванија со 31:21 (15:12).

Со оглед дека мечот со Литванија им беше втор во два дена, македонските ракометарки во бавен ритам го одиграа првиот дел, по кој стекнаа предност од три гола.

Сликата на теренот, во вториот дел беше поинаква, Македонија постигна 16, а прими само девет гола и на крајот со двоцифрена разлика го доби натпреварот.

Македонија ја предводеше Ристовска со осум гола, три помалку постигна Стојковска.

Утре во последниот натпревар, Македонија ќе игра против Косово.

Scroll to Top