Top Sport

Ракометарките на Подравка го туркаа автобусот заглавен во снег (видео)

Ракометарките на хрватскиот клуб Подравка Вегета заглавија во снег на патот до Брашов, Романија, каде што играат на меѓународен турнир следната недела, по што и самите ракометарки мораа да помогнат во „одглавувањето“.

Тренерот на клубот, Златко Сарачевиќ прв се обиде да го тргне снегот од под тркалата, а потоа му помогнаа и ракометарките кои го туркаа автобусот.

„По вечерата, нашите девојки наместо вечерен тренинг помагаа на нашите возачи да продолжиме со патот. За среќа, се работи за силни девојки кои успешно ја завршија задачата, а оваа ледена авантура ќе остане во сеќавање“, се вели во објавата на клубот на Фејсбук.

Scroll to Top