Македонската ракометна репрезентација се подготвува за настапот на Европското првенство во Хрватска, а пред заминувањето во четврток доби засилување во „Македонски Телеком“, кој станува нов официјален спонзор на македонскиот тим.
„Нашата боја е розева, а бојата на дресовите на репрезентацијата е црвена, но не бараме промена на овие убави дресови. Му донесовме среќа на Вардар, кој стана европски шампион, се надевам дека ќе му донесеме среќа и на македонскиот национален тим. Ви посакувам се најдобро на претстојното Европско Првенство“, изјави генералниот директор на Македонски Телеком, Андреас Елснер.
„Среќни сме што потпишавме договор со новите партнери, најдобрите одат заедно. Македонија во Хрватска ќе има поддршка од околу 2000 навивачи за мечот со Словенија, а за понатаму ќе варира сигурно 10% плус минус“, истакна претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.
Фото: РФМ