Српската ракометна јавност која деновива се занимава со препукувањата помеѓу селекторт на машкиот национален тим Јовица Цветковиќ и репрезентативците, околутоа кој пиел и лудувал по Загреб за време на Европското првенство, ја потресе нов скандал.
Разликата е таа што сега не се работи за репрезентацијата, селекторот и репрезентативците, туку за грдите сцени од клупскиот ракомет кои се случиле на финалниот натпревар во Купот на Војводина помеѓу Динамо Панчево и Војводина, тимови кои се натреваруваат и регионалната СЕХА лига.
За време на натпреварот, на трибината се случила тепачка во која актери се спортските директори на двата тима. На видеото инцидентот започнува од 44:11 минути).
Во 29.минута прво имало мал инцидент на теренот, поради што играчите Веркиќ и Жујовиќ добле црвени катони, а потоа мал бокс меч на трибините имале спортските директори Стојан Радановиќ (Динамо) и Дарко Јевтиќ (Војводина).
Натпреварот завршил со победа на Војводина 25:22. Инаку овие два тима наскоро ќе се сретнат и во СЕХА лигата.