Top Sport

Репрезентативец на Ангола постигна неверојатен гол од седмерец (Видео)

Репрезентативецот на Ангола, Едвалдо Фереира, на 26.Светско првенство во ракомет, постигна гол од седмерец кој им се спротивставува на законите на физиката.

Фереира ги изведува сите седмерци за својата репрезентација, а на мечот со Шведска постигна четири гола од исто толку обиди.

Четвртиот гол беше вистинско ремек-дело, ниту на шведскиот голман Апелгрин не му беше јасно како топката заврши во голот.

За многумина ова е најдобриот седмерец изведен во ракометот, погледнете:

Scroll to Top