Top Sport

Решена хрватската недоумица: Сршен, сепак, останува ракометар на Загреб

Хрватскиот репрезентативец Иван Сршен останува ракометар на ППД Загреб, одлучи Хрватската ракометна федерација по конфликтот кој настана меѓу „плинарите“ и Нексе.

Сршен е формално ракометар на Нексе, а во ППД Загреб е позајмен. Нексе прво го позајмија Сршен во Пик Сегед, по што се врати во Хрватска кај „плинарите“ каде што им беше еден од најдобрите ракометари оваа сезона. Нексе бараа итно враќање на ракометарот во Нашице, но Ракометниот сојуз го отфрли тоа барање.

„Управниот одбор на ХРС ја одбива жалбата на Нексе како неоснована, и Иван Сршен ќе остане ракометар на РК Загреб до крајот на сезоната. Клубовите ќе добијат посебно образложение на одлуката“, објавија од хрватската федерација.

ППД Загреб и Нексе во „војна“ околу Иван Сршен

Scroll to Top