Top Sport

Резервистот Швајцарија ги фати „рибарите в мрежа“, 20-18

Резервистот на овој ракометен Мундијал, селекцијата на Швајцарија предводена од маестралниот Енди Шмит ја изненади селекцијата на Исланд во рамки на групата 3 од главната фаза. Швајцарците со 20-18 ја совладаа селекцијата на Исланд и внесоа неизвесност во оваа група.

Во меч со мал број на погодоци главна алка во победничката селекција беше ветеранот Енди Шмит со 6 гола. Голема помош Швајцарија имаше и од репрезентативниот голман Никола Портнер кој собра 13 одбрани.

Залудни беа четирите гола на Гудмундсон и деветте одбрани на Густафсон затоа што Исланд се чини полека ги загуби шансите за една од двете позиции на табелата кои носат прогрес во следна фаза.

Од истата група во тек е дуелот Алжир – Франција, а вечерва е дербито Португалија – Норвешка.

Scroll to Top