Top Sport

РК Охрид нема да бара „вајлд карта“ за Европа

Ракометниот клуб Охрид нема побара „вајлд карта“ за учество во квалификациите за пласман во Лига Европа. Моменталната состојба која ја предизвика коронавирусот ги натера клупските челници да се откажат од намерата. Фоксот на РК Охрид ќе биде на наредната сезона во домашниот шампионат.

„Целокупната ситуација влијаеше да донесеме ваква одлука. Ние се надевавме дека пандемијата на вирусот Ковид -19 ќе се смири, гледачите ќе се вратат на трибините и европските мечеви ќе видат вистински празник во Охрид. Плановите и програмата за подготовките се направени и фокусирани сме на што подобар резултат во Супер лигата“, изјавиле за порталот „ohridnews.com“ од клубот.

Охрид останува со едно учество во европските купови во последниве десеттина години. РК Охрид беа дел од квалификациите за пласман во тогашниот Куп на ЕХФ во 2017 година, тогаш го поминаа холандски Волендам а потоа загубија од Порто.

фото/ohridnews.com

Scroll to Top