Ракометарките на Норвешка се нови шампионки на Европа откако пред малку во финалето во дански Хернинг со 22-20 славеа против селекцијата на Франција.
На овој начин, дојде до „рокада“ на европскиот трон затоа што Франција беше бранител на златото. Денеска Норвешка го освои осмото злато на европските првенства.
На голот на Норвешка денеска речиси несовладлива беше голманката Маргарет Солберг. Таа имаше 16 успешни интервенции.
Во победничката репрезентација по 4 гола постигнаа Кристиансен, Сконгард и Нора Мерк.
Во селекцијата на Франција најпрецизна беше Паулета Фопа, со 5 гола.
.@NORhandball ?? celebrate a record 8th EHF EURO title! ??#ehfeuro2020 #handballispassion pic.twitter.com/o15mAejlQH
— EHF EURO (@EHFEURO) December 20, 2020