Македонија со предност од осум гола ќе го започне реваншот во Романија за пласман на Светското првенство. Првиот бараж меч, Македонија во Скопје го доби со 30:22.
Романците, ко се далеку од од она што претставуваа на светската сцена пред 20, 30 или 40 години причината за поразот ја најдоа во борбеноста на македонскиот тим и некоректната публика.
„Во Македонија загубивме од борбен тим и публика, која за жал не беше фер-плеј. На 19.март, можеме да им покажеме како се поддржува омилениот тим. Со полна сала Романија има повеќе шанси“, соопшти на социјалните мрежи Ракометниот сојуз на Романија.
Реваншот, Романија-Македонија, ќе се одигра во салата на Динамо, во Букурешт, утре од 17 часот.
Фото/facebook.com/rfmofficial/