Ракометната репрезентација на Русија без еден од највлијателните играчи ќе настапи на Светското првенство во Данска и Германија.
Мундијалот поради повреда на скочниот зглоб ќе го пропушти поранешниот играч на Металург, Павел Атман. Наместо Атман на СП ќе игра Максим Михалин.
Русија на СП ќе игра во А-групата заедно со Франција, Германија, Србија, Бразил и Кореа.
Првиот противник на Русите ќе биде Србија.