Top Sport

Русија ја победи Словенија – Киреев блескаше со 17 одбрани

Репрезентацијата на Русија, обезбеди пласман во втората фаза на Светското првенство, откако во второто коло, во Г-групата, ја победи Словенија со 31.25.

Русите клучната предност ја обезбедија во финишот на првото и почетокот на вториот дел. Првиот дел го добија со 16:13, а на стартот од вториот со серија 5:2 се одлепија на шест гола од противникот.

Словенија во 53.минута се доближи на три гола негатива (28:25), но до крајот не успеаја да постигнат ниту еден гол, а Русите мечот го завршија со нови три гола, за конечен триумф 31:25.

Најзаслужен за победата на Русија беше голманот Киреев со 17 интервенции, нападот со по шест гола го предводеа Сорока, Косоротов и Кисељев. најдобар кај Словенците со шест гола беше Доленец.

Русите во последното коло ќе играат против Јужна Кореја, додека Словенија за противник ќе ја има Белорусија.

Scroll to Top