Top Sport

Русинките останаа без селектор, Мартин избркан пред мечот за петто место

Руската женска ракометна репрезентација синоќа по поразот од домаќинот Данска со 30-23 остана без полуфинале. На Русинките кои се актуелни европски вицешампионки, олимписки победнички и бронзени од последниот Мундијал им престои борба за петтата позиција.

Сепак, поразот од Данска тешко им падна во Руската ракометна федерација (РРФ), па селекторот Амброш Мартин експресно доби отказ.

„Во едно интервју рече дека е фокусиран на две страни, едната е Русија, а другата е семејството. Му јавивме сега комплетно да му се посвети на семејството. Нека ги усреќи синовите, ги има тројца. Нас на мечот за петтото место кој ни е важен за ОИ ќе не води некој друг. Кој – ќе одлучиме по состанокот“ изјави претседателот на РРФ, Сергеј Шишкарев.

Шпанецот Амброш Мартин летото 2019 година го замени легендарниот Евгениј Трефилов.

Тој најголемите успеси во кариерата ги направи со унгарски Ѓер, тимот со кој четирипати беше европски шампион.

Scroll to Top