Top Sport

Сагосен ќе го напушти Кил

Најдобриот норвешки ракометар, Сандер Сагосен, нема да го продолжи договорот со Кил. Сагосен ќе се врати во Норвешка, откако во 2023 година ќе му истече договорот со славниот германски клуб.

Сагосен ќе биде прва ѕвезда на Колштад, чии сопственици имаат визија да формираат „дрим-тим“, кој ќе ја напдне титулата во Лигата на шампионите.

„Сакаме да објавиме дека Сагосебн ја одби понудата за продолжување на договорот. Тој ќе ја напушти најсилната лига во светот во јуни 2023 година. Ја почитуваме неговата одлука“, изјави Виктор Шилаѓи еден од директоррите на Кил.

Норвежаните најавуваат дека заедно со Сагосен, во 2023 година, во Колштад како слободен играч ќе пристигне и Магнус Ред од Фленсбург.

Scroll to Top