Top Sport

Сагосен се враќа во Норвешка, се подготвува ли ракометен гигант?

Се подготвува сензационален ракометен трансфер, пишува „Handball Planet“.

Првата ѕвезда на норвешкиот ракомет, Сандер Сагосен (26) според изворите на порталот, одлучил да се врати во матичниот клуб, Колштад ИЛ. Информациите се дека се подготвува нов ракометен гигант, иако Колштад е моментно деветтопласиран тим во норвешкото првенство.

Сагосен има договор со германски Кил до 2023 година, и според наводите, не планира да го продолжи.

Норвешкиот лев бек е еден од најдобрите светски ракометари. Со „зебрите“ лани ја освои ЛШ, а претходно настапуваше за тимот на ПСЖ.

Кариерата ја започна во Колштад, па прејде во редовите на Хеслум, следна станица му беше дански Алборг, па следуваше трансфер во Париз

На норвешката репрезентација има 127 настапи и постигна 644 гола.

Scroll to Top