Рускиот репрезентативец Дмитриј Санталов ја смени одлуката и наместо со Вардар реши да потпише договор со Мешков Брест. Трансферот на Санталов го потврди шампионот на Белорусија.
24 годишниот Санталов со Мешков Брест договорил три годишна соработка.
Недоаѓањето на рускиот репрезентативец не треба да претставува проблем за Вардар бидејќи клубот минатата недела го донесе македонскиот репрезентативец Филип Талески.