Top Sport

„Сапуницата“ заврши – Барса го покажа Палмарсон

Една од најдолгите трансфер-саги во текот на ракометното лето заврши со официјалната презентација на Арон Палмарсон како нов играч на Барселона Ласа.

27-годишниот Исланѓанец доаѓа во Каталонија од унгарскиот Веспрем, како едно од најголемите засилувања за тимот и потпиша четиригодишен договор, откако тимот плати 1 милион евра за неговите услуги.

„Благодарам на клубот, на тренерите и на сите кои овозможија да дојдам тука. Горд сум што сум дел од тимот, бидејќи од мојата 15-та година, кога уште живеев на Исланд, сонот беше да се игра за Барселона. Мислам дека така е за речиси сите млади ракометари. Имав предолг летен одмор, но ја прифатив ситуацијата и тоа се заврши“, вели Палмарсон.

 

Scroll to Top