Top Sport

Сегед го „матираше“ Лазаров и Нант во финишот

Пик Сегед успеа да стигне до 30:28 победа над силниот Нант во последниот натпревар од Лигата на шампионите овој викенд.

Не помогнаа шесте гола и одличната партија на Кирил Лазаров за Нант, кој имаше водство на полувреме и +4 на почетокот на второто полувреме, пред унгарскиот тим да се врати фуриозно во финишпт на мечот и да го заврши со „цепелин“ на поранешниот ракометар на Вардар, Хорхе Македа, негов петти гол на мечот.

Во вториот меч, Висла Плоцк се врати од негатива на полувремето за 30:28 победа на гостувањето кај Елверум.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО

Пик Сегед – Нант 30:28 (10:11)

Елверум – Висла Плоцк 28:30 (15:13)

Scroll to Top