Ракометарите на Металург одиграа нерешено 31:31 во Нашице против Нексе во својот последен меч во 2017 година. Играчите од Автокоманда победата ја испуштија во последните пет минути од натпреварот.
Интересен и до крај неизвесен натпревар одиграа Нексе и Металург, во кој македонскиот тим беше поблиску до победата.
Металург во 52.минута имаше 25:28, потоа и 30:31, за на крајот Нексе да извлече бод со гоот на Шипиќ на истекот на 59.минута.
Во последната минута не помина цепелинот на Велкоски и Илиќ, а бекот на Нексе Мицевиќ во последната секунда упати удар високо над голот.
Јагањац беше најефикасен кај Металург со девет гола, а ист број на голови на споритвната страна постигна екс играчот на Металург Бувуниќ.
Металург полусезоната во СЕХА лигата ја заврши на седмата позиција со 13 бода.