Top Sport

СЕХА: Металург ја прекина негативната низа

Металург го победи Татран Прешов 31:30 (18:12) во осмото коло во регионалната СЕХА лига. Металург ја забележа третата победа, а Татран третиот пораз во регоналната конкуренција. Металург го контролираше мечот цели 47.минути, кога имаше предност од 11 гола, а потоа следуваше недозволиво оппуштање кое можеше да ја доведе во прашање победата.

Ракоемтартите на Металург конечно ставија крај на серијата порази, четири во Лигата на шампионите и два во СЕХА и против словачкиот шампион ја запишаа првата победа по 14.октомври, кога славеа во Русија кај Чеховски медведи.

Исто така, Металург ја прекина импресивната серија на Татран Прешов. Словачкиот првак последниот пораз го доживеа од Вардар, во Скопје, на 19.септември. Од тој меч Татран победи на 14 натпревари, а само еднаш одигра нерешено.

Металург по долго време одигра натпревар без осцилации што резултираше со сигурна победа. Девет минути екипите беа во егал, а потоа Металург успеа да се одвои на три гола од противникот (8:5) во 12.минута. Шест минути подоцна тимот од Автокоманда водеше 12:8, а потоа предноста растеше до највисоките седум гола во 30.минута 18:11.

Во второто полувреме Металург ја одржуваше разликата, а кога во 41.минута Анѓелиќ ја затвори серијата 6:0, македонскиот тим стигна до максималната предност на овој меч (26:15).

Металург имаше 11 голови предност и во 47.минута (28:17), кога уследи недозволиво опуштања и Татран до крајот на мечот со серија 3:13, поразот го сведе на само гол негатива 31:30.

Јагањац го предводеше Металург со шест гола, а по пет постигнаа Токиќ, Кузмановски и Пешевски. На спротивната страна Буторац беше најефикасен со 11 голови.

Scroll to Top