Top Sport

СЕХА: Металург поразен во Белорусија

Ракометарите на Металург забележаа уште еден пораз во СЕХА лигата. Петтиот пораз во седмото коло Металург го запиша во Белорисија кај Мешков Брест 35:30 (18:17).

Екиата од Автоманда во Белорусија одигра лошо во одбраната, голманите немаа свој ден, а клуч за поразот е играта со седуммина во нападот по која само во првиот дел Мешков Брест постигна пет гола.

Првата видлива предност Мешков ја направи во 16.минута (12:7), која Металург ја анулира во само пет минути (13:13). Во финишот на полувремето домаќинот создаде три гола предност (18:15), која на еден разлика ја спуштија Кузмановски и Шешевски со головите постигнати во последната минута.

Мешков во вториот дел го забрза ритамот и во првите 15 минути го реши победникот кога на семафорот стоеше 29:23. Имаше Мешков и седум гола повеќе од Металург во 56. минута (34:27), а во финишот момците од Автокоманда само во го ублажија поразот.

Кузмановски со 8 и Јагањац со 7 гола беа најефикасни играчи на натпреварот.

Металург од Белорусија ќе се упати кон Турција каде за три дена ќе игра против Бешикташ во Лигата на шампионите.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');