Ракометарите на Металург убедливо загубија во Цеље 34:25, во рамките н деветтото коло во СЕХА лигата.
Цеље водеше во текот на целиот натпревар, на полувреме 15:12, а иако Металург успеа да израмни на 16:16 во 35.минута, домаќинот со серија 6:1 практично ги решија дилемите околу победникот и до крајот на мечот само ја зголемуваа разликата.
Најефикасен кај победникот беше Тилен Кодрин со 10 голови, а голманот на домашните Урбан Лесјак имаше 19 одбрани. Кај Металург најпрецизен беше Халил Јагањац со осум голови.
Целје со овој триумф се искачи на третата позиција со 17 поени, додека Металург, по шестиот пораз во СЕХА, остана на седмата со 9 поени.
Следното, 10. коло ја носи македонската пресметка помеѓу Вардар и Металург. Натпреварот се игра в сабота од 21 часот во СЦ „Јане Санднаски“.