Top Sport

СЕХА: Пешевски и Македа во идеалниот тим за месец декември

Пикерот на Металург Жарко пешевски и десниот бек на Вардар Хорхе Македа се избрани во во идеалниот тим на СЕХА лигата за месец декември.

Покрај Пешевски и Македа во идаеланиот тим се најдоа голманот на Мешков Брест Иван Пешиќ, левото крило на Татран Јакуб Хрстка, левиот бек на Загреб Дамир Бичаниќ, средниот бек на Цеље Јака Малуш и десното крило на Динамо Панчево Павле Бандука.

За најдобар тренер е избран Бранко Тамже од Цеље.

Првиот дел од сезоната во СЕХА, Вардар го заврши со максимални 11 победи, додека Металург одигра еден меч повеќе од „црвено-црните“ и со скор од четири победи, еден нерешен резултат и седум порази се наоѓа на седмото место на табелата.

Scroll to Top