Top Sport

СЕХА: Стеауа ја доби „престрелката“ со Мешков од 75 гола (видео)

Стеауа Букурешт успеа да остане непоразена на домашен терен во СЕХА Газпром лигата, откако го совлада белорускиот Мешков Брест со 42:33 (16:15) во меч во кој се мислеше само на нападот и во кој Мешков прими најмногу голови во своите настапи во регионалната лига.

Стефан Вујиќ имаше одличен меч, и заедно со Хавиер Хумет направија рана предност за Стеауа, пред тимот на Андреј Мочалов да се врати за 15:15. Гостите не успеаја да го одржат ова ниво на игра, дозволувајќи и на Стеауа да направи 5:0 серија предводена од Вујиќ. По ова разликата само се зголемуваше и на крајот беше +9.

Вујиќ имаше седум гола за Стеауа, а Крсто Милошевиќ додаде шест, додека за Мешков најдобар беше Александер Бачко со 10 гола.

Scroll to Top