Top Sport

СЕХА: Вардар лесно со Целје

Ракометарите на Вардар забележаа нова, убедлива победа, во регионалната СЕХА лига 35:27 (20:10) во 14.коло. Бранителот на титулата одамна обезбеди пласман на завршниот турнир, а против екипата од Словенија го забележа 13. триумф.

Вардар направи добра увертира пред дуелот со Пик Сегед на 18. месецов во Лигата на шампионите. Целје немаше немаше никакви шанси против шампионот, а некаква неизвесност на теренот имаше во првите 15 минути.

На половина од првиот дел Вардар создаде предност (8:3), која до крајот на полуремето стана двоцифрена (20:10).

Во вториот дел „црвено-црните“ со леснотија ја држеа разликата помеѓу осум и 11 гола, Целје намали на 31:24 во 56.минута, а конечниот резултат беше 35:27.

Тимур Дибиров со седум гола и Страхиња Милиќ со 14 одбрани беа најдобрите играчи на Вардар, а шансата која ја доби од тренерот Гонзалес максимално ја оскористи Мартин Поповски кој постигна пет гола од исто толку обиди.

Најефикасен играч на натпреварот беше Борут Мацковшек со 11 гола од 15 обиди.

Scroll to Top