Top Sport

Сензација на ЕП за ракометарки – Хрватска стигна до бронзата

Женската ракометна репрезентација на Хрватска приреди сензација на Европското првенство во Данска. Со победата токму против домаќините, Хрватките стигнаа до бронзата – резултатот по 60 минути игра гласеше 25-19 за Хрватска.

Ова е прв медал за хрватскиот женски ракомет на големите натпреварувања. На патот до бронзата избраничките на селекторот Ненад Шоштариќ запишаа 6 победи, а претрпеа порази само од финалистиките Норвешка и Данска (во тек е финалето на ЕП).

Најдобриот пласман досега за Хрватска на ЕП беше петтото место, во 1994 година во Германија.

На мечот за бронзата Хрватките одлично влегоа во мечот, поведоа со 3-0. Данска возврати со серија 7-1, но Хрватките се консолидираа и стигнаа до 7-7. До крајот на полувремето имаше израмнета игра, па на полувреме се отиде со резултат 11-11.

Со одлична игра пред се во одбраната Хрватска продолжи и во вториот дел, па разликата во нивна корист се зголемуваше, а Данките не успеваа да го најдат патот до мрежата на хрватскиот гол.

До големата победа вредна бронзен медал најпрецизни кај Хрватска беа Катарина Јежиќ и Стела Посавец со по 5 гола, додека Ана Дебелиќ постигна 4. Феноменалната голманка Теа Пијевиќ мечот го заврши со 15 одбрани.

Кај Данска најпрецизни беа Мете Транборг и Ане Хансен со по 4 гола.
Видеото преземено од: 24sata:

Scroll to Top