Ракометарот на Бутел, Денис Тот, кој трагично го загуби животот, сепак, бил нападнат. Обдукцијата од Судска медицина покажува дека тој добил удар во главата, а причина за смртта е повреда на мозокот.
По прегледување на снимките веќе се приведени две лица, момче и девојка, а уште едно лице е во бегство. Од доказите ќе зависи дали ќе одговараат за убиство или за насилство со смртни последици.
Денис Тот излегол од дискотека и веројатно бил во исто друштво со напаѓачите. Потоа паднал во бессознание, а телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката која веднаш повикала Брза помош.
Ракометарот е одведен во Клиничкиот центар без срцева акција, а и покрај обидите на лекарите, не успеаја да го спасат неговиот живот.