Сестрите Шарлот и Јулија Бонавентура кои го судеа финалето на Светското првенство за ракометарки изјавиле дека стојат зад одлуката на седум секунди до крајот на мечот да досудат седмерец кој на Холандија и ја донесе светската титула.
Холандија во неделата, во исклучително драматичен меч, ја победи Шпанија 30:29. Сепак поради начинот на кој е решен победникот судиската одлука уште долго ќе се коментира.
„Немавме никаква сомнеж во моментот кога требаше да ја донесеме одлуката“, рекле сестрите Бонавентура во разговор за интернет страницата на Ракометниот сојуз на Франција.
„Во моментот кога беше направен блокот топката не беше целосно надвор од зоната“, рекола Јулија Бунавентура.
„Во секој момент мораш да бидеш фокусиран, мораш да бидеше ментално и физички свеж за да можеш да ја процениш секоја одлука бидејќи немаш можност да прегледаш снимка“, рекле сестрите и дополниле дека Рамон Галјехо од судиската организација при ИФХ го појаснил ова правило по мечот.
„Ова само покажува дека нашата работа не е лесна и дека во секој момент мораш да бидеш свесен за сите правила и прописи“.