Top Sport

Шоштариќ: Доволно славевме, сега сакаме Хрватска да ја направиме горда

Ракометната еуфорија во Хрватска не запира по историскиот успех што досега го направи женската ракометна репрезентација на оваа земја. Хрватска успеа да се пласира во полуфиналето на Европското првенство во Данска. Задутре од 18 часот Хрватките против Франција ќе се борат за влез во големото финале на европската ракометна сцена.

Селекторот на Хрватска, Ненад Шоштариќ по доаѓањето во новата база во Хернинг рече:

„Многу кратко славевме и се веселевме, утринава се преселивме во Хернинг и тргнуваме со видео анализа. Не чекаат тренинзи, тестирање, па пак видео. Основната работа е психологијата, мора да разбереме дека направивме голема работа, но и дека не смееме тука да застанеме. Сакаме пак да дадеме се од себе, сакаме да ја направиме Хрватска горда“.

Во второто полуфинале на ЕП во петок ќе се соочат неприкосновената селекција на Норвешка и домаќинот Данска, кој во последното коло го фати возот за полуфинале, против Русија.

Scroll to Top