Шведска го загуби „соседскиот“ дуел со Норвешка со 25:28, но сепак, останува со теоретски шанси за пласман во полуфиналето, и сега ќе се надеваат дека француските фаворити ќе ја совладаат домашната селекција Хрватска.
На Норвежаните им беше потребна победа од барем пет гола разлика (и исто така победа на Франција над Хрватска), но таков плус немаа во текот на целиот натпревар и немаа доволно сили за подвиг. Кент Робин Тонесен имаше пет гола за Норвежаните, додека Џери Толбринг беше најефикасен за „трите круни“ со шест гола.
Сега, мечевите од 20.30 часот директно одлучуваат кој ќе биде во полуфиналето. Франција е сигурна во полуфиналето, но на Хрватите им е потребно барем реми за пласман, додека во мечот во групата 2, Шпанија и Германија ќе се борат за второто место покрај Данска. На Шпанците им е доволно и реми, додека Германците мораат да победат.