Top Sport

„Ситуацијата во која се наоѓаме ги прави Монпелје фаворити“

Ракометарите на Вардар викендов ќе го одиграат последниот натпревар во фазата по групи, во Лигата на шампионите. Противник на Вардар ќе биде тимот што пред две години ја освои титулата, Монпелје.

И покрај сите проблеми што ги следеа вардарци успеаја да ја остварат целта и да се пласираат во осмина-финалето.

„Имаме краток ростер, а дополнителни проблеми ни направија Калараш и Горбок кои беа болни, така што не можевме да направиме ниту комплетен тренинг. . Сепак тоа нема да ни биде алиби за да одиграме максимално сериозно. Ние сме европски шампиони, но ситуацијата во која се наоѓа клубот, не ни дозволува да кажеме дека сме фаворити против Монпелје“, изјави тренерот на Вардар Стевче Алушовски.

Натпреварот ќе се одигра в сабота, со почетокот во 17.30 часот, во СЦ „Јане Сандански“.

foto/rkvardar.mk

Scroll to Top