Top Sport

Скубе се сели во Мешков Брест

Средниот бек на РК Вардар Сташ Скубе вчера на „Инстаграм“ објави дека ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Во објавата тој не го наведе името на новиот клуб.

Скубе минатата недела во интервју за „Балкан Хендбол“ рече дека шансите да го напушти Вардар се 50-50. Шансите да остане во Вардар исчезнаа за помалку од една недела.

Очигледно е дека наместо да биде решена кризата в Вардар само се продлабочува. Скубе реши да замина, а според медиумите во Словенија, тој кариерата ќе ја продолжи во најквалитетниот клуб во Белорусија, Мешков Брест.

Неофицијално тој со Мешков Брест ќе потпише две годишен договор.

Scroll to Top