Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш, повика двајца нови играчи на местата на Тилен Кодрин и Урх Кастелиц, кои без позитивни на Ковид-19 по слетувањето во Каиро.
Кодрин и Кастелиц немале никакви симптоми во изминатите 48 часа, поради што биле испратени во Каиро, каде ќе им бидат направени дополнителни тестови.
Поради ново настанатата ситуација, ИФХ, им дозволи на Словенците да повикаат нови играчи. Врањеш се реши за Тадеј Мазеј и Урбан Лесјак. Овие двајца пристигнале во Египет и можат да играат вечерва против Русија.