Словенија и Чешка одиграа возбудлив меч кој заврши без победник (26:26), за и двете репрезентации да ги загубат шансите за пласман во полуфиналето на ЕП во Хрватска, бидејќи само победи им ги задржуваа шансите.
Ако Чесите во вторникот се вратија од негатива од -5 против Македонија за да стигнат до импресивна победа, овојпат „сценариото“ беше целосно поинакво – тие имаат предност од четири гола на почетокот на второто полувреме, пред фантастичниот финиш на тимот на Веселин Вујовиќ да донесе реми.
Со овој резултат се разјаснува ситуацијата во нашата група. Данска веќе е во полуфиналето, така што нема да има голем мотив против нас, додека Шпанија и Германија во директна пресметка ќе го одредат вториот патник меѓу најдобрите четири – на Шпанците им е доволно и реми.
Во мечот од групата 1, кој немаше резултатска важност, Белорусија лесно и убедливо со 32:27 ја победи Србија.