Top Sport

Словенците обвинуваат, 12 играчи беа затруени со храна пред мечот со Египет

Ракометната репрезентација на Словенија не успеа да се пласира во четврт-финалето на Светското првенство во Египет. Вчера, во решавачкиот меч за пласман во завршницата, Словенија одигра 25:25 со домаќинот Египет.

Словенците само со победа можеа да минат меѓу најдобрите осум. Тие пред мечот имаа големи проблеми, од Сојузот соопштија дека 12 за затриле со храна, а со најлоши поминале Драган Гајиќ, Сташ Скубе и Блаж Благотиншек.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението на Ракометниот сојуз на Словенија, во кое обвинуваат дека нивните ракометари намерено биле затруени.

„Никогаш, во ракометната репрезентација, не сме барале изговори. Како и секогаш, ние ја преземаме одговорноста за секој проект. Сигурно можевме да сториме нешто поразлично, дури и подобро, но овој пат – навистина објективно и преку ноќ – пред нашиот клучен натпревар против Египет, се најдовме во ситуација во која никогаш порано не сме биле.

Можевме да запишеме што сè ни се случуваше – не по наша вина – за време на кратките подготовки, но овој дел, сепак спаѓаше во рамките на нашите ветувања. Затоа, навистина не можеме да ги пропуштиме настаните пред ноќта и на денот на решавачкиот натпревар против домаќините, на очајно организираниот Мундијал.

Сè на сè, тоа само дополнително ја демонстрира нејасната организација на шампионатот. Всушност, имавме големи здравствени проблеми вечер пред натпреварот и на денот на одиграувањето на натпреварот.

Ако се сеќавате, проблеми но во поинаква форма имавме и Тилен Кодрин и Урхо Кастелиќ. Затоа, апсолутно не можеме да бидеме задоволни од организацијата на Светскиот куп годинава во Египет. После натпреварот и официјалната регистрација поради здравјето на играчите, египетското Министерство за здравство контактираше со нас, но не очекуваме значителни промени сè додека Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) работи како што работи.

Дури дванаесет (!) играчи на нашата репрезентација се затруа со храна 24 часа пред мечот со Египет. Па, тоа не беше „вирус“. Момчињата врескаа од болка, повраќаа и брзаа кон тоалетите како да им се загрозени животите.

Во текот на ноќта паднаа Сташ Скубе и Драган Гајиќ, непосредно пред натпреварот, нашиот најголем и најсилен играч Блаж Благотиншек падна во соблекувалната и поради силните болки беше пренесен назад во хотелот. Дури девет играчи, и покрај лошата состојба, решија да играат за себе, за тимот, за пласман меѓу најдобрите осум светски репрезентации. За Словенија! Една, спортска обединета земја што сите ја сакаме најмногу во светот.

Нашите проблеми не беа премногу интересни за одговорните. Сепак, кога се вративме во хотелот по натпреварот, направивме официјален запис за сè што се случи во официјалната медицинска служба на шампионатот за состојбата на нашите истоштени и болни играчи “, се вели во соопштението.

Scroll to Top