Top Sport

Фарса во Загреб, Словенија ја победи Германија, но судиите не мислеа така (видео)

Словенија во драматична завршница не успеа да ги совлада актуелните шампиони Германија, откако судиите го признаа последниот гол на Германците за 25:25 за да ја „искомплицира“ работата во нашата група на Европското првенство во Хрватска.

По поразот од Македонија, Словенија мораше да одигра добро против Германците, и по моќниот старт и предноста од шест гола во првото полувреме, на крајот мораа да сметаaт на Вид Кавтичник со гол од пенал да донесе победа над Германците.

Барем така мислеа Словенците! Судиите по повеќе од пет минути прегледување на лентите, им го признаа голот на Словенците, но му дадоа на Благотиншек црвен картон, што значеше автоматски пенал за Германија, кој Рајхман го погодува за 25:25.

Во фуриозното прво полувреме, Словенија повторно со агресивната одбрана успеаја да ги „затворат“ Германците, а Лесјак брилјираше на голот, дозволувајќи само три гола од Генсхајмер, од кои само еден беше од игра, а исто така утна и два пенали.

Словенија водеше од почетокот, а од десеттата минута почна да се одвојува, и преку Кавтичник, Безјак и Јанц дојдоа до шест гола предност по 28 минути игра, за на полувреме да се отиде со 15:10 предност за Словенците.

На почетокот на второто полувреме, Германците почнаа моќно и намалија на 17:15 по десетина минути игра, пред сомнителната судиска одлука да направи „мешаница“ кај Словенците. Во 45. минута Генсхајмер беше во контра и не успеа да погоди, но судиите решија дека Кавтичник го удрил по глава, досудувајќи пенал и казна од две минути, како и дополнителна казна од две минути на клупата.

Во следните минути, играта на Словенците се распадна и во 51. минута Пекелер носи прва предност на Германија на натпреварот, пред Словенците да постигнат прв гол по 10 минути пауза.

На две минути пред крајот, Грецки израмнува, пред Кавтичник да го постигне голот во драматичната завршница во „Арената“.

Во вториот меч, во Групата Д (која се вкрстува со нашата во втората рунда), Шпанците го обезбедија пласманот со тесна 27:25 победа над Унгарија во Вараждин, не потклекнувајќи на притисокот на публиката, која во поголем дел беше составена од Унгарци.

Scroll to Top