Top Sport

Снежно невреме во Шпанија го одложи мечот меѓу „фуријата“ и „коцкастите“

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) го одложи мечот од третото коло на ЕХФ ЕУРО Купот меѓу Шпанија и Хрватска кој денеска од 18 часот требаше да се одигра во Мадрид. Причина е снежното невреме што го зафати главниот шпански град, какво што не се памети 50-тина години.

Хрватските репрезентативци не отпатуваа кон Шпанија, па селекторот Лино Червар за попладнето закажа тренинг.

Инаку Хрватите пред 4 дена ја совладаа Шпанија во истото натпреварување со 31-28 и сега се на врвот на табелата во групата во која се уште и Унгарија, односно Словачка.

Хрватската ракометна репрезентација на 12 овој месец патува за Египет каде ја очекуваат настапи на СП. „Коцкастите“ се во група со Јапонија, Ангола и Катар.

Scroll to Top