Шпанија по петти пат се пласираше во финалето на Европското првенство во ракомет, откако во неверојатен меч во Загреб со 27:23 ја совладаа моќната Франција, откако предноста од првото полувреме беше недостижна за Карабатиќ и „друштвото“.
Шпанија ќе го чека подобриот од „нордиската“ пресметка Данска-Шведска во 20 часот.
Во првото полувреме, Шпанија ја предводеше фантастичниот Феран Соле со шест гола од шест шута, додека на голот блескаше асот на Вардар, Арпад Штербик откако беше повикан во последен момент во шпанскиот состав, за кам-бек по две години пауза, по што резултатот беше шокантни 15:9.
Светските шампиони Франција ја намалија разликата на стартот на второто полувреме преку Карабатиќ, меѓутоа Соле и Ентрериос ја враќаат разликата на 18:12, за да имаат дури +9 во текот (23:14) преку Алекс Душебаев на 16 минути пред крајот.
Французите успеваат мечот да го направат поинтересен со низа од 6-0 за да намалат на 23:20, меѓутоа во завршницата, Шпанците остануваат сигурни за во недела во 20.30 часот да се борат за првото европско злато по четири порази во финалињата (1996, 1998, 2006, 2016).
Never stop looking at the opponent and ever more so if @egurbindo is on the lookout. Good steal of the ball from the Spanish player against France. #FRAESP
?? vs ?? @FRAHandball @RFEBalonmano pic.twitter.com/1skDIAtp8x— EHF EURO (@EHFEURO) January 26, 2018
Соле заврши со седум гола за Шпанија, Раул Ентрериос додаде шест, додека Штербик можеше да се пофали со три одбранети пенали. Кај Французите најдобар беше Седрик Сораиндо со шест гола.