Top Sport

Сопругата на Ван дер Варт ја декласира Србија

Холандија ја декласира Србија со 36:23 во четвртото коло на Светското првенство за ракометарки.

Холанѓанките против Србија не дозволија кикс каков што имаа во првото коло против Словенија. Од почетокот наметнаа жесток ритам, го отворија мечот со 3:0, а потоа имаа 5:1, 7:2 и 14:8. До двоцифрена предност дојдоа во 27 минута (20:10). На полувреме Холандија имаше 21:13.

Настаните на теренот имаа ист тек и во второто полувреме. Холанѓанките не попуштиа во ниту еден момент, а во 43 минута имаа предност од 12 гола (26:14). Србинките успеаја да намалат на 31:23 по што следуваше нова серија на Холандија за конечни 36:23.

Холандија до победата ја предводеше сопругата на поранешниот фудбалер на Ајакс, Хамбург и Реал Рафаел ван дер Варт, Еставана Полман со осум гола. Ван дер Варт сопсругата ја бодреше од трибините во салата во Кумамото.

По шест гола за Холандија постигнаа Ван дер Хејден, Абинг и Дуфлер.

На спротивната страна три ракометарки ги постигнаа речиси сите голови за Србија. По шест пати мрежата на Холандија ја погодија Лишчевиќ, Обрадовиќ и Трифуновиќ.

Холандија со оваа победа обезбеди пласман во наредната рунда, а Србија и Словенија во последното коло ќе решат која селекција ќе продолжи понатаму.

Scroll to Top