Top Sport

Соседите ремизираа на Мундијалот во Египет, 60 минути игра – 64 гола

Ракометните репрезентации на Русија и на Белорусија попладнево ремизираа на Мундијалот во Египет, 32-32 во рамки на групата Х.

Белорусите благодарение пред се на одличниот Ваилупов во првото полувреме цело време имаа предност од 1 до 2 гола разлика.

Сепак Русите предводени од екс-вардарецот Данил Шишкарев успеаја да се вратат во игра, па резултатот на полувреме гласеше 15-15.

Во вториот дел во Бурж Ел Араб слична слика се до резултат 22-22, кога Русите беа тие кои го преземаа водството.
Стрелците во двете селекции беа расположени, па на крајот мечот заврши нерешено со голем број погодоци, 32-32.

Шишкарев, Сорока и Киселјев постигнаа по 6 гола кај Русија, но најпрецизен беше Косоротов со 8 погодоци.

Белорусија беше предводена од феноменалниот Ваилупов со 10 погодоци, Кулеш броеше до 6.

Во оваа група Словенија и Јужна Кореја својот меч ќе го започнат во 18 часот.

Scroll to Top