Top Sport

Според „стручното жири“, Дувњак сепак позгоден од Кире

Европското првенство во Хрватска го следат исто толку жени колку и мажи, така што хрватскиот ТВ канал „РТЛ“ направи итнересно видео околу тоа кој е физички најатрактивниот ракометар на Евро 2018.

Во „стручното жири“ во кое се најде моделот Тина Катаниќ (позната по неколку незгодни приватни снимки кои се појавија на интернет) и ПР-експертот, Лана Клингор Михиќ.

Во топ 5 листата на најзгодни ракометари се најде Никола Карабатиќ (Франција), Микел Хансен (Данска), Виктор Гонзалес (Шпанија), Кирил Лазаров (Македонија) и нормално, нивниот ракометар, Домагој Дувњак.

Лазаров, опишан како „раскошен цвет од градината на соседите“ од водителката доби пофалба дека „вистински маж“, додека Катаниќ признава дека во него има „нешто маркантно“.

Видеото можете да го погледнете тука.

 

Scroll to Top