Top Sport

„Спорт Лајф“ ве води на ЕУРО 2020 во ракомет

Започна акцијата на „Спорт Лајф“, „Навиваме заедно“. Играчите на „Спорт Лајф“ ќе се натпреваруваат за пакет-аранжман за двајца во Виена на Европското првенство во ракомет за мажи, ЕУРО 2020.

„Сè е подготвено да навиваме заедно за нашата ракометна репрезентација директно на трибините на Европското првенство во ракомет. Тројцата прворангирани играчи со највисоки погодени вкупни коефициенти во периодот на акцијата добиваат пакет-аранжман за две лица на Европското првенство во ракомет во Австрија со вклучен автобуски превоз, сместување во хотел со три ѕвезди, четири ноќевања со појадок и обезбедени влезници за сите натпревари од групната фаза на македонската репрезентација.“

Акцијата важи за тикети со една комбинација, тикети во живо и микс тикети, уплатени со приложена „Спорт Лајф“ клуб-картичка, во периодот од 29 ноември до 26 декември 2019 година.

Повеќе информации за акцијата „Навиваме заедно“ како и водечките коефициенти можете да ги видите на веб страницата на „Спорт Лајф“.

Scroll to Top