Top Sport

Србија без Вујин до крајот на ЕП

Ракометната репрезентација на Србија до крајот на Европско првенство остана без еден од своите најдобри играчи, десниот бек, Марко Вујин.

Ракометарот на бундеслигашот Кил е најдобар стрелец во оваа српска репрезентација (490 гола на 127 натпревари).

Вујун го повреди коленото на натпреварот против Хрватска, во петокот. На овој натпревар Вујин на тренот мина само десет минути.

„Покрај Вујиќ кој за време на подготвките имаше проблеми со коленото и кој е неизвесен за преостанатите два натпревари во групата, повреда на коленото заработи и Вујун. Поради тоа малку играше против Хрватска и тој повеќе нема да игра до крјот на ЕП.“, рекол српскиот селектор Јовица Цветковиќ.

Србија во првото коло загуби од Хрватска 22:32, а во второто коло в недела ќе игра против Исланд.

Scroll to Top