Србија не успеа да направи сензација и да ја совлада Норвешка во првиот меч од втората рунда на Европското првенство во Хрватска, губејќи со 32:27.
Тимот на селекторот Јовица Цветковиќ пристигна во Загреб без поени од прелиминарната рунда во Сплит, додека Норвежаните пренесоа два поени, и сега со четири се израмнети со Шведска и со Франција, кои уште го немаат играно прото коло.
Србија губеше од почетокот, но во финишот на полувремето успеа да влезе во одлична низа и да се замине на одмор со 17:17. Но, како што одеше второто полувреме, Норвежаните ја покажаа својата сила и стигнаа до победа со која остануваат во борба за полуфиналето.
Сандер Сагосен и Кристијан Бјорнсен постигнаа по осум гола за Норвешка, додека во репрезентацијата на Србија најефикасни беа Бојан Бељански и Жарко Шешум со по пет гола.
Вечерва од 20.30 часот, домаќинот Хрватска очекува лесна победа против Белорусија, уште еден тим кој е без поен во втората рунда.